Хадсон ќе биде ѕвезда како татко му – Синот на Роби Кин го украде шоуто (Видео)

Хадсон Кин го украде шоуто пред стартот на дуелот од ФА купот меѓу Мидлсбро и Тотенхем, две екипи за кои емотивно е врзан неговиот татко Роби Кин.

Хадсон го изведе почетниот удар на дуелот на „Риверсајд“ во Мидлсбро, а потоа истрча половина терен и ја затресе мрежата и доби аплаузи од публиката. Според однесувањето на малиот Хадсон, кој има четири години родена е новата ѕвезда, а не се збуни дури и кога забележа дека е во центарот на вниманието.

Неговиот татко имаше одлична кариера и во репрезентацијата на Република Ирска и во клубовите во кои играше. Еден од нив е и Тотенхем, кој беше гостин на „Риверсајд“ кај Мидлсборо, екипа во која моментно Роби му е асистент тренер на Џонатан Вудгејт.

- Оглас -

Најнови вести