Хајдук дојде до „седумката“ во Купот на Хрватска – Прва радост на „Пољуд“ по пауза од девет години (ВИДЕО)

Екипата на Хајдук Сплит славеше во финалето од купот на Хрватска со 3:1 против Ријека. На полниот „Пољуд“ стадион, Хајдук како начелен гостин дојде до триумфот со пресврт, откако Јосип Дрмиќ во 13-та минута ја доведе Ријека во водство.

Португалецот Феро (24′) израмни, а се чини дека одлучувачки беше моментот кога Хрвоје Смоличиќ доби втор жолт картон пред крајот на првиот дел, откако само неколку мигови претходно Дарио Мелњак го даде вториот гол за сплиќани.

Конечниот резултат беше поставен со вториот гол на Мелњак во 56-та минута, а тоа значеше и големо славје на „Пољуд“.

Хајдук се радува на прв голем успех по сезоната 2012/13 каде што исто така успеа да слави во купот на Хрватска. За Ријека цел натпревар одигра Дарко Велковски, додека кај Хајдук за кого ова е седма титула во ова натпреварување, Јани Атанасов остана на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести