Хајдук подготвува два сензационални трансфери на хрватски репрезентативци

По долги години пауза, Хајдук конечно е конкурентен за титулата во најсилната хрватска фудбалска лига.

Тимот од Далмација има чч бода, односно пет помалце од лидерот Динамо Загреб, но навивачката група Торцида верува во успех, а таквите надежи се подгреаја со доаѓањето на Никола Калиниќ.

Но, тимот каде што настапува Македонецот Јани Атанасов не планира да застане, тука и го подготвува можеби најдобриот трансфер-период на еден балкански тим.

Раководството на Хајдук планира да ги доведе Иван Ракитиќ и Иван Перишиќ од Севилја и Интер.

И двајцата фудбалери, барем според досегашните договори, ќе бидат слободни агенти на лето, иако се очекува да добијат продолжување на соработката.

Хајдук со Марко Ливаја, Никола Калиниќ, Иван Перишиќ и Иван Ракитиќ во нападот ќе биде навистина моќен наредната сезона и ќе биде еден од најинтересните балкански тимови за следење.

- Оглас -

Најнови вести