Хајдук продаде играч во Лос Анџелес за 6,5 милиони евра!

Стипе Биук повеќе не е играч на Хајдук. Талентираниот 20-годишен Хрват е продаден во Лос Анџелес, во еден од најголемите трансфери во историјата на клубот од Сплит. Според неофицијални информации, Биук е продаден за трансфер вреден 6,5 милиони евра, а сумата може да достигне и до осум милиони евра со бонусите. За Хајдук ќе следуваат и 20 отсто од следниот трансфер на Биук, кој потпиша договор со првакот во МЛС до 2026 година.

Според трансферот, Биук е вториот најскап играч кој заминува од Хајдук, веднаш зад трансферот на Никола Влашиќ кој во Евертон беше продаден за 10,8 милиони евра. Биук дебитираше за Хајдук пред помалку од две години и во 67 официјални меча има шест гола и девет асистенции.

Во Лос Анџелес, младиот Хрват ќе биде соиграч со Герет Бејл.

- Оглас -

Најнови вести