Хајдук спрема нови бомби, Белите тргнаа по Џеко и Ракитиќ

Сплитскиот Хајдук почнал преговори за привлекување на босанскиот голгетер Един Џеко и хрватскиот фудбалер за врска, Иван Ракитиќ.

Хајдук минатата сезона ја почна амбициозно, покажа дека може да биде конкурентен во трката за титулата во Хрватска, но во текот на пролетта киксира, па Динамо Загреб и понатаму продолжи да владее во Хрватска.

Белите не се откажуваат, по ангажманот на големо име (Џенаро Гатузо) како тренер, што треба да биде одличен маркетиншки потег за почеток, сега Хајдук бара звучни засилувања и за играчкиот кадар.

Од Сплит дојде „бомбастична вест“ дека клубот активно работи на доведување на 38-годишниот босански напаѓач Един Џеко, кој има уште една година од договорот со Фенербахче. Џеко имаше одлична сезона во Фенер, со 25 гола и 10 асистенции на 46 натпревари, но се зборува дека не е во плановите на новиот тренер Жозе Мурињо.

Клучниот човек во обидот да го убеди Џеко да дојде на „Пољуд“ е спортскиот директор на Хајдук, Никола Калиниќ, кој играше со Џеко во Рома. Позната е и наклонетоста на Џеко кон Хајдук, а негов најдобар пријател е Сенијад Ибричиќ, голем миленик на Торцида. Џеко има врска со Хрватска и со тоа што е сопственик на ресторан во Дубровник.

На листата на желби им е и 36-годишниот Ракитиќ. Популарниот Ракета е во саудискиот Ал-Шабаб, каде што игра за богата плата од 15 милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести