Хајдук само за 80 дена го сруши рекордот од минатата година

Сплитскиот Хајдук според бројот на поддржувачи со сигурност е број еден на просторите на поранешна Југославија, можеби и пошироко. Сплитските бели денес на социјалните мрежи се пофалија дека само за 80 дена во оваа 2024 година имаат 105.210 членови, односно веќе е срушен рекордот од минатата сезона.

Неверојатни бројки постојано растат, а со тоа расте и сумата која Хајдук ја инкасира од членарината, која не значи и сезонска карта. Сумата во моментов изнесува 1.67 милиони евра, а членовите имаат големи попусти при купување билети или сезонски карти, но и за реквизити од фан-шопот на сплитските бели.

- Оглас -

Најнови вести