Хакерски напад врз Јанис: Неговиот твитер-профил употребен за ширење говор на омраза

Бура од реакции претрпи Јанис Адетокумбо поради објавата на неговиот профил на „Твитер“ во која пишува дека е заразен од корона-вирусот и дека ги мрази Азијците. Објавата набрзо беше тргната, а се излезе дека најкорисниот играч во НБА-лигата имал хакерски напад.

Неговиот помал брат Костас објасни за што станува збор, а тоа е дека не само што го пробиле твитер-профилот на Јанис туку и неговиот мобилен телефон, мејлот и банкарските сметки.

- Оглас -

Најнови вести