Хакиран профилот на „Инстаграм“ на Ванда, се појавија пораки од млад фудбалер на Ривер

Ванда Икарди, сопругата на Мауро Икарди од ПСЖ, повторно е во центарот на вниманието. Ванда, која од ФИФА има лиценца за менаџер и ги води сите битни работи на својот маж, неодамна била жртва на хакерски напад.

Бил хакиран инстаграм-профилот на Ванда, која има над 11 милиони следбеници, а притоа биле објавени неколку приватни пораки што ги добивала жената на Мауро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

Младиот 22-годишен фудбалер на Ривер плејт, Езекиел Барко, ѝ испраќал пораки на Ванда, а една од нив била „Се заљубив“.

Играчот на славиот аргентински клуб и пишувал на Ванда дека е атрактивна и дека е совршена, но не очекувал дека тие пораки ќе излезат во јавност.

Ванда успеала да го врати својот инстаграм-профил, но останува уште еден љубовен трач за жената која прво беше во брак со Макси Лопес, а потоа го остави за да се вљуби во неговиот пријател Мауро.

Во последните неколку месеци постоеше афера дека Мауро ја изневерувал Ванда, па таа сакаше да се разведе од него, но, сепак, по неколкунеделна драма, двајцата се смирија и останаа заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_nara)

- Оглас -

Најнови вести