Халанд четири пати побрзо стигна до 20 гола во ЛШ од Роналдо, а три пати е подобар од Меси

Борусија Дортмунд прва си обезбеди место во четвртфиналето од Лигата на шампиони, иако во двата меча прими четири гола од Севилја. Милинерите одат понатаму со вкупен резултат од 5:4, а четири од тие пет погодоци беа дело на Ерлинг Халанд.

Првата ѕвезда на Борусија блескаше во двата меча со Севилја, а на синоќешниот дуел само потврди дека се работи за чудо од играч. Со само 20 години, Халанд веќе има 20 погодоци во Лигата на шампионите и за да го направи тоа му беа потребни да одигра 14 средби, што е 1,4 погодоци на меч во просек.

Колку за споредба, на Кристијано Роналдо му биле потребни 56 меча во ЛШ за да стигне до бројката од 20 гола, што е точно четири пати повеќе од времето кое му беше потребно на Халанд. Освен Роналдо, Халанд е многу побрз во оваа статистика и од Лионел Меси на кого му беа потребни 40 дуели за бројка од 20 гола во ЛШ, додека на Левандовски тоа му успеа во 36 меча.

Токму Роналдо, Меси и Левандовски се тројцата најдобри стрелци во историјата на ЛШ, а прашање е дали Халанд може да ги надмине.

 

- Оглас -

Најнови вести