Халанд донесе одлука за кој тим ќе го потпише следниот договор

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, одлучи да ги прекине шпекулациите за неговата иднина и наскоро ќе потпише нов договор со англискиот и европскиот шампион.

Халанд неодамна се врати од повредата која го одвои од терените повеќе од еден месец и веднаш почна да ги тресе противничките мрежи, со што се зголемија шпекулациите дека налето ќе потпише за Реал Мадрид.

Но, Ла Лига и Реал Мадрид нема да бидат негова следна дестинација бидејќи одлучи да потпише нов договор со Манчестер сити, објавија англиските медиуми. Наводно, Халанд смета дека за него и за Килијан Мбапе нема место во ист тим и поради тоа нема намера да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Официјалниот потпис на новиот договор со Манчестер сити се очекува да биде во наредните недели.

Минатата сезона Халанд беше неверојатен во дресот на Граѓаните освојувајќи ја тројната круна (триумфира во ЛШ, во Премиер лигата и во ФА купот), а згора на тоа собори неколку рекорди во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести