Ерлинг Халанд со прекрасна соло-акција во 28. минута од финалето на германскиот куп уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите млади играчи на планетата, а при постигнувањето на вториот гол за Борусија Дортмунд и буквално го прегази цврстиот стопер Дајот Упамекано.
Дефанзивецот на Лајпциг е еден од најбараните на фудбалскиот пазар, веројатно ќе игра во Баерн, но не можеше да му се спротивстави на Халанд.
Шпицот на Борусија лесно го надмудри, физички го доби дуелот во 28. минута, а потоа и рутински погоди за голема предност на Борусија Дортмунд, екипа што води со 3:0 во финалето во Берлин.
https://twitter.com/br_goal/status/1392921967699841040?s=20
Претходно, во петтата минута погоди Џејдон Санчо, а истиот играч беше прецизен и во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме, па Борусија е на прагот на освојување на вредниот пехар во популарниот ДФБ Покал.