Навивачите на Манчестер сити попладнево уживаа во убедливата победа на нивниот тим, со овации го проследија враќањето на Илкај Гундоган во светло-синиот дрес, а имаа можност и да видат нов хет-трик на Ерлинг Халанд.
Норвежанецот сега има 7 хет-трика на само 68 меча во Премиер лигата, што е вистинска лудост ако се спореди со останатите голгетерски легенди на англиското првенство.
До седмиот хет-трик, Алан Ширер стигна после 119 меча, на Хари Кејн му требаа 134 меча, на Роби Фаулер 175, Мајкл Овен 185, Серхио Агуеро 200, Тјери Анри 220, а Вејн Руни дури на 472-риот натпревар успеа по седми пат да постигне три гола.