Халанд го вклучи алармот во Борусија Дортмунд

Само со една победа во последните пет кола, Борусија Дортмунд полека се одалечува од Топ 4 позициите во германското првенство. Милионерите веќе заостануваат 15 бода зад лидерот Баерн Минхен и далеку се од трката за титулата, но според моментната состојба, тимот е во ризик и да не обезбеди место кое води излез во Лигата на шампионите за следната сезона.

Борусија има 33 бодови од 21 меч и заостанува дури шест бода зад четвртопласираниот Волфсбург. Најдобриот играч на Борусија, светската ѕвезда Ерлинг Браут Халанд, го вклучи алармот во клубот, потенцирајќи дека тој ќе игра за настапи во Лигата на шампионите.

„Лигата на шампионите е највпечатливо натпреварување. За мене тоа е нешто специјално и затоа очекувам секоја година да бидам дел од тој турнир“, рече Халанд.

На Борусија ѝ остануваат уште 17 кола во кои ќе ја подобрат формата и ќе ја избегнат катастрофата да не се пласираат во ЛШ за следната сезона.

Милионерите в среда ќе играат против Севилја во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести