Манчестер сити успеа да го убеди Пеп Гвардиола да остане во клубот најмалку до јуни 2025 година и со тоа заврши една голема работа. Челниците на Сити сега се фокусирани на нова мисија, а тоа е да го задржат и најдобриот стрелец во тимот, Ерлинг Халанд.
Актуелниот договор на Халанд е до јуни 2027 година, но од Сити се подготвени да му понудат соработка до 2029 година. Англискиот првак е подготвен на Халанд да му го даде договорот со најголема плата за еден играч во историјата на англискиот фудбал.
Понудата која ја добил Халанд е тој да добива неверојатни 500.000 фунти неделна плата (околу 600.000 евра).
Manchester City Confident Haaland Will Sign New Deal ⚽️💰
Manchester City are confident Erling Haaland will sign a new contract, increasing his salary from £375,000 to £500,000 per week. The extension would last until 2029. After a positive response from Haaland’s agent, the… pic.twitter.com/oACGJYFxNz
— MK SPORTS OFFICIAL CHANNEL (@MKSportsHQ) November 18, 2024
Најголемата актуелна плата во Премиер лигата е таа на Кевин де Бројне, кој од Сити добива 400.000 фунти (480.000 евра) неделно.
Халанд секако е задоволен до понудените 500.000 фунти неделно, но голгетерот имал забелешка на тоа дека во договорот била ставена и откупна клаузула за предвремен раскин на договорот, која треба да изнесува 170 милиони евра.