Се подготвува ли шокантен трансфер: Роналдо се враќа во Европа и ќе игра за најголемата сензација?!

Се подготвува ли сензационален трансфер? Саудискиот новинар Алхаза Мутаб доцна синоќа објави дека Кристијано Роналдо летово ќе се врати во Европа и ќе потпише за најголемата сензација оваа сезона, Баер Леверкузен. Навистина звучи неверојатно, со оглед на тоа што Фармацевтите во своите редови немаат големи и скапи фудбалски ѕвезди, туку преферираат млади фудбалери.

Истиот новинар пред извесен период тврдеше дека Португалецот ќе се врати во татковината и ќе потпише за Спортинг Лисабон. Неговите тврдења се темелат на лошата сезона која ја има екипата на Ал-Наср, која не успеа да освои ниту еден трофеј ниту на домашна, ниту на меѓународна сцена.

Сепак, доколку се случи таков трансфер, навистина ќе биде големо изненадување, но ќе биде интересно и да се види како Кристијано Роналдо би се вклопил во еден таков проект во кој нема ѕвезди и авторитети на теренот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести