Манчестер сити претрпе срамен пораз на гостувањето во Норвешка од дебитантот во Лигата на шампионите, Бодо/Глимт. Граѓаните загубија со 3:1, а Бодо/Глимт се израдува за нив првата победа во елитното клупско натпреварување на УЕФА.
За Сити ова беше втор пораз само во четири дена, откако претходно со 2:0 беа поразени и од Манчестер сити во градското дерби. Ерлинг Халанд јавно зборуваше дека тој и уште тројца фудбалери посебно требало да бидат подобри на теренот.
„Преземам одговорност. Крив сум, заедно со Родри, Џиџи Донарума и Рејндерс. Ние сме поискусни фудбалери и мора да преземеме поголема одговорност. Ова не беше доволно добро. Ние сме Манчестер сити и треба да победуваме“, рече Халанд, кој се извини и за тоа што не дава доволно голови за неговиот тим да победува.

