Халанд ќе добиеше ќотек од противникот затоа што не одигра во духот на фер-плеј (Видео)

Борусија Дортмунд на свој терен се спаси од пораз во дуелот со Хофенхајм и на крајот одигра 2:2. Милионерите имаа предност од 1:0, но гостите со два погодоци направија целосен пресврт.

Домаќините од пораз се спасија благодарение на погодокот на Ерлинг Браут Халанд во 81 минута. Тој гол на Халанд ги налути гостите кои бараа топката да биде исфрлена од игра, затоа што еден нивни играч се жалеше на повреда. Сепак, наместо во аут, Халанд ја заби топктата во голот на гостите и израмни на 2:2.

Стоперот на Хофенхајм, Пош, лут дека Халанд не застана, туку даде гол, тргна да се тепа со младиот голгетер на Борусија Дортмунд. За среќа, брзо реагираа останатите играчи и ситуацијата се смири.

Целата ситуација пред постигнувањето на погодокот може да ја погледнете ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести