Халанд не даде гол на првиот меч на „Етихад“, покери на Сити и Арсенал, Митровиќ утна пенал (Видео)

Манчестер сити и Арсенал засега се единствени екипи во Премиер лигата кои победија во првите две кола, а и двата тима постигнаа по 6 гола во овие две рунди, со тоа што Сити уште нема примено погодок.

Арсенал преводен од Габриел Жезус кој имаше два гола и асистенција, го надигра Лестер со 4-2. Сити со 4-0 го порази Борнмут. Три гола паднаа во првото полувреме, а Ерлинг Халанд на своето деби на „Етихад“ не успеа да постигне гол, но кога беше изваден од игра, доби овации. Норвежанецот беше асистент при првиот гол кој го даде Илкај Гундоган, што за Германецот е 50-ти гол во дресот на Сити.

Останатите три меча попладнево, завршија нерешено. Александар Митровиќ утна пенал со кој можеше да му донесе победа на Фулам на гости кај Вулверхемптон. Лидс водеше 2-0, но мораше да се задоволи само со бод против Саутемптон. Брајтон и Њукасл одиграа 0-0 и имаат по четири бода после две кола.

Погледнете го убавиот гол на Кевин Де Бројне за 2-0 на Сити против Борнмут:

- Оглас -

Најнови вести