Халанд објасни како се здебелил осум килограми, а сепак стана побрз

Ерлинг Браут Халанд имаше одлична сезона во Борусија Дортмунд постигнувајќи 41 гол во исто толку мечеви во сите натпреварувања, а имаше и 12 асистенции. Откако дојде во Борусија, Халанд доби друг физички изглед. Младиот фудбалер открива како се здебелил осум килограми и од 86 сега е 94 килограми, но сепак е многу побрзо од претходно.

„Ако го погледнете моето тело, ако ги погледнете моите нозе ќе видите дека има голема промена. Целосно се сменети. Сега сум вистински човек. Покрај тоа, сега сум и побрз. Според мене, тоа е една од најважните работи. Ја зголемив телесната маса од 86 на 94 килограми, но тоа не е пивски стомак, туку чиста мускулна маса. Многу внимавам што јадам“, откри Халанд.

Борусија Дортмунд заврши на третото место во Бундеслигата и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а Халанд треба повторно да биде лидер во нападот на Милионерите.

- Оглас -

Најнови вести