Малку се и три гола на Халанд, шокантни порази на Борусија Дортумунд и Баерн (Видео)

Ерлинг Халанд постигна хет-трик, но и тоа не беше доволно за Борусија Дортмунд да избегне пораз од 3:4 на домашен терен од Бохум.

Уште еден шокантен резултат во 32. коло е поразот на шампионот Баерн со 3:1 на гостински терен против Мајнц.

Гол шоуто на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд го почнаа гостите од Бохум со два гола во првите 8 минути. Прецизни беа Полтер и Холтман, а потоа Халанд сам со хет-трик направи пресврт со два гола од пенал во првото полувреме и уште еден од игра на стартот од третиот дел.

Третиот гол на Халанд што е многу необичен можете да го погледнете ОВДЕ.

Потоа повторно стрелците на Бохум се разиграа и со двата гола на Локадија и на Пантовиќ и победија со 4:3.

Шампионот Баерн се опушти, откако повторно ја освои шампионската круна во Германија и загуби од Мајнц со 3:1 на гости.

Херта успеа да се спаси од испаѓање со реми 1:1 против Арминија во Билфелед и го остави ривалот на претпоследното место на табелата со 27 бода на две кола до крајот.

Во тешка ситуација е и петкратниот германски првак Штутгарт, кој одигра нерешено  1:1 со Волфсбург и во најдоброто сценарио ќе мора да игра бараж за опстанок со третопласираниот тим од Втората лига.

Штутгарт е трет одоздола на табелата со 29 бода, а Херта е недостижна со 33. Од лигата веќе испадна Гројтер фурт.

Резултати, 32. коло, денеска: Борусија Д. – Бохум 3:4, Мајнц – Баерн 3:1, Аугсбург – Келн 1:4, Штутгарт – Волфсбург 1:1, Арминија – Херта 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести