Халанд покажа дека ќе растура и без Санчо: Хет-трик во првиот меч (видео)

Почна фудбалската сезона во Германија, а Ерлинг Халанд веднаш запиша хет-трик во победата на Дортмунд од 3-0 против нисколигашот Вехен во првото коло од германскиот Куп. Норвешката гол-машина најави уште една ефикасна сезона откако минатата ја заврши со повеќе од 40 погодоци. Иако

Халанд повеќе не игра со партнерот во нападот, Џејдон Санчо, кој се пресели во Манчестер јунајтед, а му сервираше најголем број од головите, напаѓачот на Милионерите покажа дека тоа нема да биде проблем.

Халанд во период од пет минути донесе двојна предност за гостите, погодуваше во 26-тата и 31-та минута од пенал, а хет-трикот го оствари набрзо по стартот на второто полувреме.

https://streamable.com/ao01kw

- Оглас -

Најнови вести