Халанд повторно е топ-тема, сега Баварците ќе си ја пробаат среќата

Хасан Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн Минхен, ги натера навивачите да сонуваат дека кога ќе дојде времето за разделба со Роберт Левандовски, и по него да имаат првокласен голгетер во екипата.

Имено, германскиот првак ќе проба да направи нешто што не му успеа на Челзи, а тоа е да го ангажира Ерлинг Халанд. За ова лето, мисијата е речиси невозможна, бидејќи од таборот на Дортмунд цврсто стојат на ставот дека норвешката гол-машина ќе остане во клубот оваа сезона.

Сепак, Халихамиџиќ вели дека ја следи ситуацијата со Халанд и секако ќе се обиде да го доведе на „Алијанц арената“.

„Ерлинг е фанстастичен фудбалер без разлика што е млад, тоа е веќе го докажа многупати. Голгетер кој постигна 60 погодоци на 60 меча за Дортмунд. Не би не сфатиле како сериозен клуб доколку не се обидеме да го доведеме во нашиот тим.

Сините и покрај понудите од над 150 милиони евра во пакет со играчи на кои менаџерот Тухел повеќе не смета, не беа доволни за Милионерите, па европскиот шампион се сврте кон Ромелу Лукаку и наскоро Белгиецот ќе се врати во Лондон. Тоа им остава простор на останатите гиганти како Баерн да се пуштат во акција во наредниот летен преоден рок, кога клаузулата од 75 милиони евра на Халанд ќе стапи на сила.

- Оглас -

Најнови вести