Халанд следната сезона ќе има сериозна конкуренција во трката за најдобар стрелец во Премиер лигата, Нигериецот доаѓа во Лондон

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, налето дефинитивно ќе ја напушти Серија А, а според весникот „Газета дело Спорт“, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Премерлигашите уште од минатото лето се поврзуваат со Осимен, а највлијателниот италијански весник смета дека нигерискиот репрезентативец налето ќе потпише за Челси.

Според новинарот на „Газета дело Спорт“, Винченцо Данџело пишува дека Осимен му е потребен на Челси кој сезонава има големи проблеми со реализацијата и смета дека тие би биле идеален спој.

„Многумина го сметаат за најдобар напаѓач на светот по Халанд и многу лесно може да се случи тие следната сезона да се борат за признанието за најдобар стрелец во Премиер лигата“, пишува Данџело.

Договорот на Осимен со Наполи трае до 2026 година, но има откупна клаузула која изнесува 130 милиони евра, сума која нема да претставува проблем за Челси.

- Оглас -

Најнови вести