Халанд со гол од пенал ги одржува надежите на Сити за шампионскиот трофеј (Видео)

Манчестер сити минимално со 1:0 го победи Кристал Палас на гостински терен и тоа благодарение на голот на Ерлинг Халанд во 78 минута. Граѓаните беа подобри, имаа иницијатива, но делуваа немоќно да го срушат „бункерот“ на домаќините.

Одбраната на Кртистал Палас делуваше дека е безгрешна, се до 78 минута, кога поради невнимание беше направен пенал во корист на гостите. Халанд ја превзема одговорноста да шутира и не згреши, а токму тој погодок се покажа како клучен за освојување на трите бода на фаворитот.

Сити стигна до 61 бодови од 27 кола и сега е на два бода зад лидерот Арсенал, кој досега одигра 26 натпревари. Топчиите утре играат на гости на теренот на градскиот ривал Фулам.

- Оглас -

Најнови вести