Халанд спие со топки, тие му се како девојки

Фудбалската репрезентација на Норвешка во последниот квалификациски циклус за ЕП 2020 ќе се соочи со две неатрактивни селекции, против Фарски Острови и Малта. Сепак, фокусот е голем во таборот на Норвежаните, поради што се очекува ноб блесок на младиот Ерлинг Браут Халанд.

Сензацијата на Салцбург е во извонредна голгетерска форма иако има само 19 години, па токму за следните два меча има противници по мерка против кои може само да го подобри учинокот. Во пресрет на мечот против Фарските Острови, Халанд откри со што најмногу сака да спие.

„Најубаво се чувствувам кога давам голови. Имам пет фудбалски топки на креветот со кои сум постигнал хет-трик. Тие ми се најомилени, спијам со нив како да ми се девојки“, истакна Халанд.

Новинарите го притискаа Халанд да открие малку повеќе околу неговата иднина, знаејќи дека за него има интерес од неколку европски гиганти. Сепак, Халанд не сакаше да ги коментира шпекулациите кои го поврзуваат со Јувентус и Манчестер јунајтед, а фокусот му е да забележи добри партии за репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести