Халанд веќе е заборавен, Салцбург има ново голгетерско чудо

Австрискиот клуб Салцбург станува познат во Европа по неверојатно успешната работа со млади и непознати фудбалери на кои им дава шанса и од нив прави ѕвезди кои потоа ги продава скапо. По норвешкиот феномен Ерлинг Халанд, кој замина во Борусија Дортмунд, и Јапонецот Минамино, кого го продадоа во Ливерпул, сега Салцбург е на пат да го освежи европскиот пазар и со еден одличен играч од Замбија.

Станува збор за Патсон Дака, кој сезонава има веќе три хет-трика, последниот го направи вчера, во победата на Црвените бикови од 6-0 против Хартберг. Дака сезонава има 21 гол и четири асистенции, со што е пред Халанд на листата на стрелци. Халанд си замина во јануари, до кога имаше постигнато 16 гола, а поефикасен од Дака е само Вајсман од Волфсбергер.

Дака даде еден гол и во Лигата на шампионите. Замбиецот има 21 година, а договорот со Салцбург му е до 2024 година. Ако продолжи да тресе мрежи како досега, веројатно веќе в година ќе оди во поголем и побогат клуб за голем трансфер.

- Оглас -

Најнови вести