Халанд знае кои се легендите на Сити: „Со нив би сакал да можев да играм“

Ерлинд Халанд важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, ако не и најдобар. Тој уште пред да дојде во Манчестер сити беше навивач на „граѓаните“, и тоа пред се бидејќи неговиот татко три сезони настапуваше за „сините“ од Манчестер и тука ја заврши фудбалската кариера.

Норвежанецот е роден во 2000-тата година во Лидс и тоа токму во периодот кога неговиот таткот, Алф-Инге, го правеше трансферот од Лидс во Манчестер сити.

На клупската телевизија доби прашање со кои играчи би сакал да игра, од оние кои веќе биле во Манчестер сити.

„Винсент Компани и Давид Силва“ – без размислување рече Халанд, па продолжи: „Тие двајца според мене беа совршени. Би сакал да можев да играм со нив.“

И двајцацата дојде во Манчестер сити во периодот кога овој проект се градеше и оставија траен белег со своите игри.

- Оглас -

Најнови вести