Халеп го доби романското дерби против колешката со која се скараа поради „Инстаграм“

Симон Халеп и Сорана Кирстеа се двете најдобри романски тенисерки, првата е 26-та, а другата 27-ма на ВТА-листата, се знаат уште од деца кога имаа по 8 години, но неколку години се скарани и не зборуваат, па затоа нивниот вечерашен дуел во Индијан Велс предизвика внимание.

Халеп победи со 6-1, 6-4 и докажа дека во моментов е подобра и се најде во четвртфиналето. Ако победеше Кирстеа, таа ќе беше пред Халеп на ВТА-листата.

Интересно е што тие во минатото беа блиски, но во 2016 година се скараа, и тоа поради „Инстаграм“. Кирстеа почна да ја следи Халеп на оваа социјална мрежа, но се налути кога по неколку дена виде дека Халеп не ја заследила неа.

- Оглас -

Најнови вести