Халеп го запре налетот на американското чудо од дете

Романката Симона Халеп со 6-3, 6-2 ја совлада сензацијата Кори Гоф, и влезе во четвртфиналето на Вимблдон, во кое ќе игра со Шуаи Џанг од Кина.

Халеп е седма носителка и 12 години постара од новото американско тениско чудо. Американката од Атланта е најмладата тенисерка која во последните 28 години стигнала до четвртото коло (пред неа, такво нешто направи Џенифер Капријати). Популарната Коко е 313-та на ВТА листата, па за нејзе и ова е голем успех.

- Оглас -

Најнови вести