Халеп не успеа да ги елиминира двете сестри Вилијамс

Симона Халеп не успеа да приреди уникатен подвиг и едноподруго да ги елиминира двете сестри Вилијамс, а Серена успеа да ја одмазди Венус со победа против Романката со 2:1 во сетови.

Последниот меч од осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија го оправда епитетот големо дерби, а почетокот ѝ припадна на 23-кратната гренд слем шампионка Серена Вилијамс. Американката експресно го доби првиот сет со 6:1, направи и брејк за 2:1 во вториот сет, но се разбуди и се разигра и Халеп.

Романката успеа да се врати во игра и го доби вториот сет со 6:4 за израмнување. Продолжи да игра добро, имаше шанса за брејк во средината на решавачкиот сет, но не ја искористи, па Серена славеше со 6:4 и 2:1 во сетови.

Во претходната рунда, Романката ја елиминира постарата од сестрите Вилијамс, Венус, со 2:0 во сетови, но не успеа да биде подобра од Серена, тенисерка што ита кон осмата титула во Мелбурн и вкупно 24-та на гренд слем турнирите.

- Оглас -

Најнови вести