Халеп стигна до полуфинале, а уште не знае за загубен сет

Симона Халеп на сигурен начин се пласира во полуфиналето на Вимблдон по уште една беспрекорна победа од 6-2, 6-4 над Аманда Анисимова. Шампионката од 2019 година уште не знае за загубен сет на шампионатот, а до третото полуфинале на Вимблдон стигна по 63 минути игра.

Халеп немаше проблеми во првиот сет, кој го доби со два брејка и ја натера противничката на 12 грешки. И во вториот сет стигна до два брејка, но Халеп наместо да ги реши дилемите при резултат од 5-2 во гемови, ѝ дозволи на Анисимова да се врати на 5-4, па дури потоа да го запечати триумфот.

- Оглас -

Најнови вести