23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Халер го спаси Пелегрини од отказ

Со погодокот на Себастијан Халер, Вест хем славеше на гостувањето кај Саутхемптон со 1-0 во мечот од 17-тото коло во Премиер лигата. Францускиот голгетер практично му ја спаси работата на својот тренер Мануел Пелегрини, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ доколку вечерва неговата екипа не обезбеди добар резултат на „Сент Мери“.

Чеканите засега го чуваат чилеанскиот стратег на клупата, кој треба да му се заблагодари на Халер што го реши мечот во 37-та минута.

Вест хем го запиша петтиот триумф сезонава, со 19 бода ќе престојат на 15-тото место, додека Светците со 10 порази останаа на 18-тата позиција со 15 бода.

- Оглас -

Најнови вести