Хамилтон е цар за квалификации на Хунгароринг, го победи Ферстапен за само 3 илјадитинки!

Луис Хамилтон од Мерцедес за првпат сезонава освои пол-позиција, а по дури деветти пат во кариерата славеше на квалификациите на патеката Хунгароринг покрај Будимпешта, и приреди изненадување.

Хамилтон беше побрз од шампионот Макс Ферстапен за само 3 илјадити делови од секундата и на утрешната трка ќе стартува од првата позиција. Ферстапен во Унгарија само во 2019 година бил на пол-позиција.

Потфрлија пилотите на Ферари, не може да биде задоволен ни Серхио Перес, како и ланскиот освојувач на пол-позицијата, Џорџ Расел од Мерцедес, кој беше само 18-ти.

- Оглас -

Најнови вести