Хамилтон: Ферари е пред нас за половина секунда

Луис Хамилтон, актуелниот светски првак во Формула 1, вели дека новата сезона ќе биде поинтересна од ланската, а најавата му е многу интересна.

„Ферари има многу подобри болиди од лани и можам да кажам дека е за половина секунда пред нас. Минатата сезона имаа добар болид, но сега направија одлична работа. Немаме ништо против предизвик и се надевам дека ќе одговориме на патеките каде што ќе се одржуваат трките“, вели петкратниот светски првак.

Ферари го претстави новиот СФ90 болид, кој им е голем адут, а покажа одлични резултати на тестирањето во Барселона и беше најбрз.

„Јас никогаш не се предавам и повторно ќе се обидам да минам прв низ целта на крајот од натпреварувањето“, вели Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести