Хамилтон и Ботас ја потврдија доминацијата на Мерцедес и тоа на домашната патека на Ферари

Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка на патеката Муџело во Италија. На патеката која важи за домашна на Ферари, главни беа болидите на Мерцедес. Болидите на Ферари на оваа патека ги прават тестирањата и одлично ја познаваат, но сепак немаа конкурентни болиди за да парираат на Мерцедес.

Шампионот Хамилтон имаше најбрз круг со време од 1:15:144 минута. Единствен кој можеше да го следи е неговиот тимски колега Валтери Ботас (заостана 0,059 секунди) кој ќе биде веднаш до Хамилтон на утрешниот старт. Трет е Макс Верстапен.

За Хамилтон ова 95-та пол позиција, а дури 69-та во болидот на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести