Хамилтон и Ботас ќе возат црни Мерцедеси, се знае зошто (Фото)

Екипата на Мерцедес, која е доминантна во Формула 1 во последните неколку години, одлучи сезонава да настапува со нов изглед на болидите и наместо сребрена, тие ќе имаат црна боја. Тимот за кој возат светскиот првак Луис Хамилтон и Валтери Ботас одлучи да се вклучи во борбата против расизмот.

Хамилтон е единствен црн пилот во Ф1, па од Мерцедес решија со конкретен чекор да му дадат поддршка на шампионот кој се жалеше дека челниците на Формула 1 не се огласиле и не го осудиле убиството на Џорџ Флојд во САД.

На болидот ќе стои натпис „Крај на расизмот“, а на ретровизорите ќе пишува „Сите се тркаме како еден“.

- Оглас -

Најнови вести