Хамилтон на пол-позиција по 98-ми пат во кариерата

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Бахрен со извозено најдобро време од 1:27.264 минути

За новокрунисаниот светски шампион ова е 98 пол-позиција во кариерата, за околу три стотинки беше побрз од клупскиот колега Валтери Ботас. Покрај болидите на Мерцедес, се најде и Макс Ферстапен од Ред бул, Албон застана на четвртата позиција, од петтото место утре ќе тргне Перес.

И овие квалификации беа катастрофални за Ферари, бидејќи Фетел трката ќе ја започне од 11-тата позиција, додека Леклер е веднаш зад него.

Трката во Бахреин е предвидена за почне утре во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести