Хамилтон на трката во Турција ќе стартува од последното место?

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, на претстојната трка за Големата награда на Турција би можело да настапи со нов мотор во својот болид, а тоа ќе значи старт на неделната трка од последната позиција. Ако стартува последен, Британецот од Мерцедес најверојатно ќе треба однапред да се прости од победа во Истанбул, но математиките велат дека вака ризикот би бил помал.

„Уште не сме донеле одлука, но можеби ќе го смениме моторот. Најважно е да не се случи предвремено завршување на трката поради проблем со моторот. Битката за титула ќе трае до крај, второ или трето место нема да биде проблем, но ако не ја финишираш трката, тоа е веќе голем минус. Ги следиме параметрите на моторот, сакаме да бидеме сигурни дека нема да имаме откажување“, вели шефот на Мерцедес, Тото Волф.

На седум трки до крајот, Хамилтон е во тесна битка со Макс Ферстапен за титулата годинава и секој поен е важен. Ферстапен на неодамнешната трка во Русија го смени моторот и тргна последен, но иако стартуваше од 20-тото место, на крајот беше втор, зад победникот Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести