Хамилтон најбрз во Сочи, осма „еден-два“ победа за Мерцедес сезонава

Луис Хамилтон по пауза од три трки повторно е победник на Формула 1 трка, а денес светскиот првак беше најбрз на руското Гран при. Британецот го искористи дефектот на Себастијан Фетел, но и грешките на Леклер, па така Мерцедес ја оствари осмата „еден-два“ победа сезонава.

Ботас беше веднаш за неговиот тимски колега, додека на третото место заврши возачот на Ферари, Шарлс Леклер, кој трката ја стартуваше од пол-позицијата. Фетел ја заврши трката по 28 круга поради дефект на болидот, па италијанскиот тим остана без важни бодови.

Инаку Хамилтон воедно го доби и дополнителниот поен откако извозе и најбрз круг во текот на трката со време од 1:35,761 минути.

Зад големата тројка застанаа возачите на Ред бул Ферстапен и Албон, додека на шестото место заврши Карлос Сајнц со неговиот Мекларен. Топ 10 комплетираат Перес, Норис, Магнусен и Хулкеберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести