Хамилтон не сака титула на „зелена маса“

Формула 1 тимот на Мерцедес се откажа од идејата да ја тужи ФИА на меѓународен суд по целата драма која се случи на последната трка од оваа сезона. Иако Мерцедес најави дека ќе се обиде на „зелена маса“ да ја донесе титулата за Луис Хамилтон, британскиот возач кој беше во борба со Макс Ферстапен, решил да нема судска постапка.

На трката во Абу Даби, Хамилтон беше во водство во текот на целата трка, но во последниот круг ја загуби челната позиција откако Ферстапен успеа да го помине само на 2-3 километри од целната рамнина.

На тој начин Ферстапен стана првиот Холанѓанец кој стана светски првак во Ф1, а Хамилтон не успеа да ја освои рекордната осма титула во Најбрзиот циркуз во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести