Хамилтон: Старите возачи ме понижуваат, како да се опседнати

Луис Хамилтон, кој во неделата ги изедначи рекордот на Михаел Шумахер по број на победи во историјата на Формула 1 и се наоѓа на добар пат да се изедначи со Шуми и по бројот на титули, чувствува дека не е доволно почитуван колку што заслужува.

„Многу луѓе ме понижуваат, особено постарите пилоти. Како да се опседнати, не знам зошто. Јас имам огромна почит кон тие легенди од минатото. Ги ценам бидејќи знам дека во нивно време им било неверојатно тешко, други времиња биле“, вели Хамилтон.

Британецот кој вози за Мерцедес признава дека го болат коментарите дека победува само затоа што има најдобар болид.

„За 20 години кога ќе правам анализи, ветувам дека нема да омаловажувам ниеден млад возач кој тогаш ќе биде успешен“, порача Хамилтон.

- Оглас -

Најнови вести