Хамилтон стигна до 89-тата победа во Формула 1, му требаат уште две да се изедначи со легендарниот Шумахер

Луис Хамилтон триумфираше на патеката „Спа“ и ја освои Големата награда на Белгија. Светскиот првак ја оправда пол-позицијата и ја запиша 89-тата победа во кариерата откако вози во Формула 1, наближувајќи се на рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.

Потребни му се уште две победи за Хамилтон да се изедначи со Шумахер на 91 победа во најбрзиот светски циркус. Возачите на Мерцедес остварија еден-два победа во Белгија, Валтери Ботас заврши како втор, а на подиумот се искачи и Макс Верстапен од Ред бул.

Големо разочарување беа настапите на Себастијан Фетел и Чарлс Леклер, возачите на Ферари завршија на 13-тото, односно 14-тото место.

- Оглас -

Најнови вести