Ханси Флик е на чекор до рекордот на Гвардиола во Барселона

Барселона ја декласира Севиља со 5-2 на домашен терен во натпревар од 28-мото коло во Ла Лига, но покрај убедливата победа, вниманието го привлече и достигнувањето на тренерот Ханси Флик, кој се доближи до клупски рекорд.

Под водство на германскиот стратег, Барса ја забележаа 14-тата последовна победа на домашен терен во шпанското првенство.

Со овој успех Флик веќе се искачи на второто место според овој показател во 21-виот век, израмнувајќи се со Ернесто Валверде, кој исто така имаше ваква серија во 2019 година.

Апсолутниот рекорд го држи легендарниот Пеп Гвардиола, кој во сезоната 2010/11 оствари 15 последовни домашни победи во шпанскиот шампионат.

Следниот домашен натпревар ќе биде исклучително важен за германскиот тренер, кој ќе има можност да го израмни, а со нова победа и да го собори рекордот на Пеп Гвардиола, впишувајќи го своето име со златни букви во историјата на каталонскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести