Ханси Флик и дефинитивно отпиша тројца фудбалери за да може да го регистрираат Олмо

Иако раководството на Барселона долго тврдеше дека се гледа крајот на финансиските проблеми, сепак последните настани поврзани со регистрацијата на Дани Олмо го покажуваат спротивното. Освен Олмо, сè уште на регистрација чекаат и Ињиго Мартинес и Пабло Торе, додека Пау Виктор денес е регистриран.

Излезот од оваа ситуација се гледа во бришењето на тројца фудбалери од составот на Барселона, а станува збор за Витор Роке, Микајл Фаје и Клемен Ленгле. Тројцата се избришани од списокот со пријавени фудбалери на Барселона само за да се направи место за Дани Олмо и по секоја цена ќе се инсистира на нивна продажба до крајот на овој преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести