Ханси Флик најде интересно засилување за мечот со Македонија (Фото)

Ханси Флик има нов соработник во наципналниот тим на Германија, а го одбра Андреас Кроненберг за нов тренер на голманите. Кроненберг доби дозвола да продолжи со својата работа како главен тренер на голманите во бундеслигашот Фрајбург, а ќе работи паралелно и со Мануел Нојер, Андре Тер-Штеген, Бернд Лено и останатите чувари на мрежата на германскиот национален тим.

Флик ќе дебитира како нов селектор на Германија на официјален меч на втори септември на гостувањето кај Лихтенштајн, а петтиот меч како кормилар на Панцерите ќе му биде против Македонија на 11. октомври во Скопје.

Со Јоаким Лев на кормилото, Германија загуби од Македонија со 1:2 во Дуисбург, во меч од квалификациите за настап на Мундијалот во Катар.

По три кола во Ј групата, лидер е Ерменија со 9 бода, пред Македонија и Германија со по шест, Романија и Исланд имаат по три, а Лихтенштајн е без бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести