Ханси Флик: „Барселона може уште многу подобро, победата ни дава самодоверба пред мечот против Реал“

Фудбалерите на Барселона на доминантен начин стигнаа до победата над Баерн Минхен со 4-1 откако Рафиња постигна хет-трик, а еден гол даде и Роберт Левандовски. Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, е задоволен од победата, но вели дека уште има простор за напредок.

„Го постигнавме она што го сакавме и освоивме три бода. Ова беше прекрасен меч. Откако поведовме, имавме проблеми 10-15 минути, но убаво беше да се види како тимот излезе од тешката ситуација. Нашиот потенцијал е многу поголем од она што го покажавме денес, се трудиме да бидеме подобри на секој следен натпревар. Баерн е исклучително силен тим, кој може да се пофали со фантастични фудбалери. Задоволство е да се гледаат како играат. Ваква победа заслужува да се слави бидејќи е сериозно достигнување. Тоа ќе ни даде дополнителна самодоверба пред гостувањето кај Реал Мадрид“, рече Ханси Флик.

Каталонците во сабота гостуваат кај најголемиот ривал, Реал Мадрид, во меч од шпанската Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести