Барселона викендов не го одигра мечот против Осасуна во домашното првенство поради трагедијата која се случи во каталонскиот гигант, а тоа е смртта на докторот на првиот тим. Сега Барселона се фокусира на дуелот против Бенфика, во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. По првиот меч одигран во Португалија, Барселона славеше со 1:0.
„Тоа е голема загуба за нас. Карлос беше одличен доктор и прекрасна личност. Тој имаше голем удел во нашите успеси. Сега ќе играме во негова чест. Следува дуелот против Бенфика. Мора да останеме максимално фокусирани. Бенфика има многу квалитетни играчи и тренер. Не смееме да мислиме дека работата е завршена. Мора да победиме. Направивме анализа за подобрување на нашата форма“, рече тренерот на Барселона Ханси Флик.