Хаос е во Англија: Ковид-19 го одложи големото дерби на Северен Лондон

Дербито на Северен Лондон помеѓу Тотенхем и Арсенал е одложено на барање на гостите.

„Топчиите“ немаат доволен број на фудбалери за оваа средба, поради големиот број на повреди и позитивни на Ковид-19 вирусот.

Ова е 21та средба која што е одложена поради вирусот, а денеска од 16.00 часот требаше да играат Барнли и Лестер но и таа средба е исто така одложена.

Сè уште не се знае кога ќе биде новиот термин за дербито, но, ФА на Англија се соочува со големи проблеми во вториот дел бидејќи треба да пронајде голем број на слободни термини за одигрување на овие средби.

- Оглас -

Најнови вести