Хаос на „Велодром“, навивачите на Марсеј удрија на ВИП ложата (Видео)

Навивачите на Марсеј беа бесни по тешкиот пораз на „Велодром“ од Лион, а по мечот имаше сериозни инциденти и обид да се нападне ВИП ложата на легендарниот стадион.

Гостите од Лион победија со 3:0, а веднаш по мечот однадвор дел од симпатизерите на Марсеј се обидоа да дојдат до челниците на клубот.

За среќа нa сопственикот на Марсеј, Франк МекКорт, полицијата навреме спречи напад од зад грб, односно однадвор на дел од трибината каде што се наоѓаат ВИП ложите.

Со солзавец беше разбиен нападот на симатизерите на Марсеј и беа спречени посериозни инциденти.

- Оглас -

Најнови вести