Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен не можеше да си ги зачува нервите и направи инцидент во австриски Гургл, каде денеска се возеше слалом од Светскиот куп.
Активисти кои се борат против глобално затоплување и климатски промени, влетаа на патеката и во просторот кај целната линија истурија црвена боја. Норвешкиот скијач тотално полуде и тргна во физичка пресметка со нив.
Луѓето од неговиот табор успеаја некако да го оттргнат, по што Кристоферсен продолжи со пцовки и закани. Трката продолжи, првите три места ги освоија домашни австриски скијачи.
https://twitter.com/i/status/1725870633370767591